Комплетна веб-базирана платформа во Македонија со модули за Wolt интеграција, B2B соработка и нарачки, контрола на целосен инвентар - сé од еден екран.
Подржано од ресторани, барови и бистра низ Македонија
Од прв контакт до целосна имплементација - ние се грижиме за сé
Закажете бесплатен 30-минутен разговор. Ги анализираме вашиот локал, мени и процеси.
Нашиот тим го конфигурира менито, инвентарот, корисниците и интеграциите. Бесплатно поставување.
Вашиот тим добива практична обука преку видео материјали. Стартувате за неколку дена и веднаш заштедувате време.
20+ ресторани, барови и бистра низ Македонија го користат Bee Bistro секојдневно
"Bee Bistro ни заштеди 3 часа дневно во управување со нарачки."
Илија
Сопственик, Делицио, Скопје
"Кујнскиот екран го промени начинот на работа. Нема изгубени нарачки и фактури."
Ана
Ко-сопственик, Бони лу, Скопје
"B2B за нас беше вистински game-changer. Вистински професионалци за маркетинг и софтвер."
Баже
Сопственик, Слатка куќа, Скопје
Изградено од реални ресторански проблеми, не од канцеларија
Bee Bistro се роди во почеток на 2025 година како резултат на директен фидбек од сопственици на ресторани кои се борат со избуни нарачки, изгубени залихи, без финансиска историја, кражби од келнери и слаба B2B соработка.
Она што започна како проект за решавање проблеми се претвори во целосна платформа - сега опслужува 20+ локали низ Македонија. Градиме она што сопствениците навистина им е потребно, базирано на реален фидбек.
Нашата мисија: дигиталните алатки да бидат достапни за секој локален ресторан, бар или бистро - не само во Европа и Светот.
Сé што ви треба за управување со локалот - од една веб-базирана платформа, на било кој уред
Никогаш повеќе без залиха. Следете ги количините, набавките и потрошувачката во реално време - секогаш знаете што има во кујна.
Нула изгубени нарачки. Кујната гледа што да готви, келнерите што да послужат, сопственикот ја гледа целата слика - сé во реално време.
Никогаш не пропуштајте нарачка, дури и во шпиц часови. Звучни известувања моментално при нова готова нарачка - тимот секогаш брзо реагира.
Организирајте го просторот со флексибилни зони на маси. Лесно прилагодување за прослави, настани или сезонска тераса.
Контролирајте кој што гледа. Одделни контролни табли и дозволи за сопственици, келнери, кујна и менаџери - без преклопувања.
Ажурирајте го менито еднаш - промените се рефлектираат насекаде. Одберет модул за QR Menu за да го дигитализирате менито за краен корисник.
Структурирајте го менито по ваш начин. Прегледни категории за храна и пијалоци - организирани како што вашата кујна или шанк очекува.
Вашите податоци се секогаш безбедни. Автоматски бекапи по распоред - лесно достапни за обновување.
Слободни маси или не. Закажете или откажете инвентар однапред за настани, прослави и дневни операции.
Гледајте ја секоја нарачка како се користи. Од примена до подготовка до послужување и нејзино затворање - секоја промена е видлива.
Пријавете згрешени нарачки, проблеми со опрема или сервис директно во системот. Следете и решавајте брзо и систематски.
Управувајте со нарачки за достава. Виртуелен инвентар за споствена достава или Wolt - спречете губење на нарачки.
Вашиот кујнски тим добива посебен екран. Промена на статуси, мониторирање залихи и насочување - целосна видливост за побрза подготовка.
За разлика од конкуренцијата само за Android, Bee Bistro работи на секој уред со прелистувач. Телефони, таблети, лаптопи, POS терминали - по ваш избор.
Добијте помош кога ви треба. Вграден систем за тикети плус Viber група за жива комуникација. Одговараме за 15 минути или помалку.
Работете на македонски или англиски. Или побарајте превод на друг јазик.
Научете го тимот брзо. Целосна документација и видео материјали за обука - достапни на македонски и англиски.
Целосна видливост на целата операција. Централизирано управување со сите локали, корисници и системски поставки од еден панел.
Генерирајте детални PDF извештаи за кој било временски период. Идеално за сметководство, даночна усогласеност и бизнис анализа.
Придружете се на 20+ ресторани низ Македонија кои веќе заштедуваат 40% на обработка на нарачки и го зголемуваат својот приход
Проширете ја платформата со моќни додатоци - достапни со планот Стартер + Модули
Wolt интеграција во Македонија. Примајте нарачки директно во Bee Bistro и ажурирајте статуси во реално време - без рачно внесување.
Гостите скенираат, го прегледуваат менито и нарачуваат. Вклучени QR стикери за секоја маса. Намалете го товарот на келнерите.
Управувајте со повеќе локали од еден dashboard. Одделна аналитика по локација, единствена контрола за сопственикот. Растете без ограничувања.
Целосна македонска фискална усогласеност. Поддршка за PF550, PF700, SY250, ФП, FX1300 и FX1200 уреди - сертификувано и подготвено за продукција.
Не погодувај и работи по правила. Профактури, фактури и кредитни ноти за бизнис нарачки - целосен B2B модул за соработка.
Генерирајте професионални декларации за храна и пијалоци за евенти - документи подготвени за печатење со целосна усогласеност.
Сé што треба да знаете пред да започнете
Стартер пакетот е 6.000 МКД/месечно и ги вклучува сите основни функции: нарачки, мени, кујнски екран, инвентар, аудио нотификации и поддршка. Напредни модули како Wolt, QR мени, фискализација, B2B, повеќе локации се достапни по променлива цена. Поставувањето е секогаш бесплатно. Годишните планови вклучуваат 1 месец бесплатно.
Типичното поставување трае 2-5 работни дена. Нашиот тим се грижи за сé - конфигурација на мени, кориснички акаунти, поставување залихи и интеграции. Обезбедуваме практична обука за вашиот персонал.
Обезбедуваме техничка поддршка преку телефон, Viber и вграден систем за тикети. Просечно прво време на одговор: 15 минути. Нашиот тим работи продолжено и е достапен на македонски и англиски.
Да. Bee Bistro се интегрира со Wolt, фискални печатачи (6 модели) и може да се поврзе со сметководствен софтвер. Нудиме и custom интеграции по ваша потреба.
Да. Обезбедуваме обука на лице место за сопственици, келнери и кујнски персонал. Имате и пристап до видео туторијали, документација на македонски и посветен центар за помош.
Закажете бесплатен демо со нашиот тим. Ќе ги видите сите функции во акција на вашето реално мени и работен тек. Одговараме на секое прашање и креираме план за поставување.
Да. За разлика од други решенија што бара специфични Android уреди, Bee Bistro е веб-базиран и работи на секој уред со прелистувач - телефони, таблети, лаптопи или POS терминали.
Не. Секој уред со модерен прелистувач работи. За фискализација, потребен е поддржан фискален печатач (PF550, PF700, SY250, ФП, FX1300 или FX1200).
Wolt нарачките се појавуваат директно во вашиот Bee Bistro dashboard во реално време. Прифаќате, подготвувате и ажурирате статуси во BeeBistro. Без рачно внесување, без грешки.
Да. Модулот за повеќе локации ви овозможува да управувате со сите локали од едно место со одделна аналитика по локација. Идеално за растечки ресторански или барови.
Вашите податоци се заштитени со автоматски бекапи, контрола на пристап базирана на улоги и безбеден хостинг. Само овластени корисници пристапуваат до нивниот специфичен dashboard.
Ние ја менаџираме целата миграција. Нашиот тим го поставува менито, инвентарот и корисничките акаунти од почеток. Поставувањето е бесплатно, а тимот добива целосна обука пред стартување.
Да. Покрај софтверот, обезбедуваме маркетинг на социјални мрежи и соработка со инфлуенсери за да им помогнеме на рестораните и баровите да допрат до повеќе клиенти и да го изградат брендот.
Bee Bistro е изграден како Progressive Web App (PWA) и може да работи за основни операции при кратки прекини. За подолги прекини, податоците автоматски се синхронизираат по враќање на конекцијата.