Политика за приватност
Последна измена: 17.04.2026
1. Вовед
Bee Bistro ("ние", "нас", "наше") се обврзува да ја заштити вашата приватност. Оваа Политика за приватност објаснува како собираме, користиме, чуваме и штитиме вашите лични податоци кога ги користите нашите услуги - вклучувајќи ги платформата за управување со нарачки, инвентар, мени, кујнски екран, фискализација, B2B модул, QR Code мени, Wolt интеграција и сите останати функционалности на Bee Bistro.
Оваа политика е во согласност со Општата регулатива за заштита на податоци (GDPR) и македонското законодавство за заштита на личните податоци (Закон за заштита на личните податоци).
2. Контролор на податоци
Контролор на вашите лични податоци е:
Bee Bistro
Адреса: Мирче Ацев 22, Скопје 1000, Северна Македонија
Email: support@beebistro.mk
Телефон: +389 71 216 813
3. Информации што ги собираме
Ние можеме да собираме следните типови на лични податоци:
- Податоци за клиенти: име, презиме, email адреса, телефонски број, адреса на компанија
- Податоци за автентикација: корисничко име, енкриптирана лозинка, кориснички профили (сопственик, келнер, кујна, администратор, B2B корисник)
- Деловни податоци: информации за ресторан/бар/бистро, мени содржина, категории на храна и пијалоци, нарачки и нивни статуси, залихи и инвентар, зони на маси, набавки и потрошувачка
- Податоци од модули: Wolt нарачки (при користење на Wolt интеграција), QR Code мени интеракции, B2B профактури/фактури/кредитни ноти, фискални документи, декларации за настани, Multi Tenant податоци за повеќе локали
- Технички податоци: IP адреса, тип на прелистувач, уред, лог фајлови, хардверска конфигурација (фискални каси PF550, PF700, SY250, ФП, FX1300, FX1200)
- Податоци за употреба: како ја користите платформата, аудио нотификации преференции, јазични поставки, тема на дизајн, статистики и аналитика
- Платежни податоци: фактури, историја на плаќања, претплатнички план (не чуваме кредитни картички)
- Податоци од резервни копии: автоматски backup на базата на податоци за обезбедување континуитет
4. Како ги користиме вашите податоци
Вашите лични податоци ги користиме за следните намени:
Основни функционалности
- Менаџмент на залихи - следење на количини, набавки и потрошувачка во реално време
- Следење на нарачки - прикажување на информации за кујна, келнери и сопственик
- Аудио нотификации - звучни известувања при примање нова нарачка
- Зони на маси - менаџмент и организација на инвентар во локалот
- Кориснички профили - управување со привилегии и пристап
- Управување со мени - поврзување со инвентор систем
- Категории и организација на храна и пијалоци
- Автоматски резервни копии на базата на податоци
- Закажување и откажување на инвентар
- Нарачки во реално време со промена на состојби
- Пријава на проблеми - тикетинг систем
- Виртуелен инвентар за услуги со достава
- Подготовка во кујна - мониторирање на залихи и статуси
- PDF извештаи за нарачки во одбрана временска рамка
Напредни модули
- Wolt интеграција - примање и синхронизација на нарачки
- QR Code мени - скенирање и прегледување на мени од телефон
- Multi Tenant - управување со повеќе локали од едно место
- Фискализација - поврзување со фискални каси
- B2B соработка - профактури, фактури и кредитни ноти
- Декларации за настани - генерирање на документи за евенти
Општи намени
- Управување со вашата сметка и профил
- Процесирање на плаќања и издавање фактури
- Комуникација со вас (техничка поддршка, ажурирања, Viber групи)
- Подобрување на нашите услуги и корисничко искуство
- Обезбедување безбедност и спречување измами
- Исполнување на законски обврски
5. Правна основа за обработка
Вашите лични податоци ги обработуваме врз основа на:
- Договор: Неопходно за извршување на договор помеѓу вас и нас
- Согласност: Кога сте дале изречна согласност (пр. маркетинг комуникација)
- Легитимен интерес: За подобрување на услуги и безбедност
- Законска обврска: За сметководство, даноци, регулаторни барања
6. Споделување на податоци
Ние не ги продаваме, изнајмуваме или споделуваме вашите лични податоци со трети страни, освен во следните случаи:
- Давачи на услуги: хостинг, email, платежни системи - со договори за заштита на податоци
- Wolt платформа: при активна Wolt интеграција, податоците за нарачки се споделуваат со Wolt за синхронизација на статуси
- Фискални оператори: при користење на модулот за фискализација, фискалните податоци се пренесуваат до поврзаните фискални уреди (PF550, PF700, SY250, ФП, FX1300, FX1200)
- B2B партнери: при користење на B2B модулот, деловните документи (профактури, фактури, кредитни ноти) се споделуваат со вашите бизнис партнери
- Законски обврски: по барање на надлежни институции
- Со ваша изречна согласност
7. Чување на податоци
Вашите лични податоци ги чуваме додека:
- Имате активна сметка кај нас
- Е неопходно за исполнување законски обврски (сметководство: 5 години)
- Постои легитимен бизнис интерес
По истекот на овие периоди, вашите податоци ќе бидат безбедно избришани или анонимизирани.
8. Вашите права (GDPR)
Согласно GDPR, вие имате право на:
- Пристап: Да побарате копија од вашите лични податоци
- Исправка: Да побарате корекција на неточни податоци
- Бришење: Да побарате бришење на вашите податоци ("право на заборав")
- Ограничување: Да побарате ограничување на обработката
- Преносливост: Да побарате пренос на податоци во структуриран формат
- Приговор: Да се спротивставите на обработката
- Отповикување согласност: Да ја отповикате согласноста во секое време
За да ги остварите овие права, контактирајте не на: support@beebistro.mk
9. Безбедност
Применуваме соодветни технички и организациски мерки за заштита на вашите податоци:
- SSL/TLS енкрипција за пренос на податоци
- Енкриптирање на лозинки со bcrypt хеширање
- Автоматски резервни копии на базата на податоци со можност за обновување
- Контрола на пристап - различни нивоа за сопственик, келнер, кујна, администратор и B2B корисници
- Супер админ контрола со целосен увид и управување на сите аспекти на платформата
- Тикетинг систем за пријавување безбедносни проблеми
- Multi Tenant изолација - податоците од секој локал се одвоени
- Редовни безбедносни ревизии и мониторинг
10. Колачиња
Нашиот веб сајт користи колачиња. За детални информации погледнете ја нашата Политика за колачиња.
11. Измени на политиката
Можеме повремено да ја ажурираме оваа Политика за приватност. Ќе ве известиме за значајни измени преку email или известување на платформата.
12. Контакт
За прашања или барања во врска со оваа Политика за приватност или вашите лични податоци, контактирајте не:
Bee Bistro
Email: support@beebistro.mk
Телефон: +389 71 216 813
Адреса: Мирче Ацев 22, Скопје 1000, Северна Македонија