Изградено од реални ресторански проблеми - не од канцеларија
Bee Bistro е основан во 2025 од Андреј Н., претприемач и технолошки експерт, по директен фидбек од сопственици на ресторани кои се давеа во изгубени нарачки, трошоци, без историја на записи, кражби од келнери и без B2B целосна поддршка.
Она што започна како фокусиран проект за решавање проблеми брзо прерасна во целосна платформа. Денес, Bee Bistro опслужува повеќе од 20 локали низ Македонија - од мали кафулиња до поголеми ресторани.
Секоја функција што ја градиме доаѓа од реални разговори со сопственици на ресторани и барови. Не погодуваме што мѕ треба на пазарот - ние слушаме, градиме и испорачуваме.
Дигиталните алатки да бидат достапни за секој локален ресторан, бар или бистро - не само за Европа и Светот. Бизнис поддршка, реални резултати.
Го следиме она што вашиот бизнис го работи. Секоја функција е изградена врз основа на реален клиентски фидбек и реални ресторански процеси.
Софтвер со вистински квалитет што работи за локални бизниси. Бесплатно поставување. Без скриени трошоци. Една платформа за сé.
Македонски јазик, фискална усогласеност и тим за поддршка. Изградено за Македонија и Балканскиот регион.
Фокусиран тим од 3 - 2 програмери и 1 специјалист за поддршка - кои опслужуваат 20+ локали со посветеност и брзина како големите компании што ја достигнуваат.