🇲🇰 Подржано од 20+ ресторани низ Македонија

Престанете да губите нарачки. Зголемете го приходот.

Комплетна веб-базирана платформа во Македонија со модули за Wolt интеграција, B2B соработка и нарачки, контрола на целосен инвентар - сé од еден екран.

Нарачки во реално време + кујнски екран
Инвентар, мени и фискални фактури
Wolt интеграција - следете ги сите нарачки на едно место
B2B модул, фактурирање, PDF извештаи и повеќе локации
Добијте бесплатно демо
40%
заштеда на време
25%
повеќе продажба
15мин
време на одговор

Подржано од ресторани, барови и бистра низ Македонија

Интеграција во 3 лесни чекори

Од прв контакт до целосна имплементација - ние се грижиме за сé

1

Закажете демо

Закажете бесплатен 30-минутен разговор. Ги анализираме вашиот локал, мени и процеси.

2

Ние поставуваме сé

Нашиот тим го конфигурира менито, инвентарот, корисниците и интеграциите. Бесплатно поставување.

3

Стартувајте и растете

Вашиот тим добива практична обука преку видео материјали. Стартувате за неколку дена и веднаш заштедувате време.

Тие ни веруваат

20+ ресторани, барови и бистра низ Македонија го користат Bee Bistro секојдневно

"Bee Bistro ни заштеди 3 часа дневно во управување со нарачки."
Оптимизиран работен тек во кујна и Wolt интеграција
Илија

Илија

Сопственик, Делицио, Скопје

"Кујнскиот екран го промени начинот на работа. Нема изгубени нарачки и фактури."
Обработка на нарачки е значително побрза
Ана

Ана

Ко-сопственик, Бони лу, Скопје

"B2B за нас беше вистински game-changer. Вистински професионалци за маркетинг и софтвер."
Приходот се зголеми за 30%
Баже

Баже

Сопственик, Слатка куќа, Скопје

За Bee Bistro

За Bee Bistro

Изградено од реални ресторански проблеми, не од канцеларија

Bee Bistro се роди во почеток на 2025 година како резултат на директен фидбек од сопственици на ресторани кои се борат со избуни нарачки, изгубени залихи, без финансиска историја, кражби од келнери и слаба B2B соработка.

Она што започна како проект за решавање проблеми се претвори во целосна платформа - сега опслужува 20+ локали низ Македонија. Градиме она што сопствениците навистина им е потребно, базирано на реален фидбек.

Нашата мисија: дигиталните алатки да бидат достапни за секој локален ресторан, бар или бистро - не само во Европа и Светот.

20+
Ресторани
200+
Активни корисници
10K+
Нарачки процесирани

Основни функционалности

Сé што ви треба за управување со локалот - од една веб-базирана платформа, на било кој уред

Менаџмент со залиха

Никогаш повеќе без залиха. Следете ги количините, набавките и потрошувачката во реално време - секогаш знаете што има во кујна.

Следење на нарачки

Нула изгубени нарачки. Кујната гледа што да готви, келнерите што да послужат, сопственикот ја гледа целата слика - сé во реално време.

Аудио нотификации

Никогаш не пропуштајте нарачка, дури и во шпиц часови. Звучни известувања моментално при нова готова нарачка - тимот секогаш брзо реагира.

Зони на маси и инвентар

Организирајте го просторот со флексибилни зони на маси. Лесно прилагодување за прослави, настани или сезонска тераса.

Кориснички профили и улоги

Контролирајте кој што гледа. Одделни контролни табли и дозволи за сопственици, келнери, кујна и менаџери - без преклопувања.

Управување со мени

Ажурирајте го менито еднаш - промените се рефлектираат насекаде. Одберет модул за QR Menu за да го дигитализирате менито за краен корисник.

Категории и организација

Структурирајте го менито по ваш начин. Прегледни категории за храна и пијалоци - организирани како што вашата кујна или шанк очекува.

Автоматски резервни копии

Вашите податоци се секогаш безбедни. Автоматски бекапи по распоред - лесно достапни за обновување.

Закажување на инвентар

Слободни маси или не. Закажете или откажете инвентар однапред за настани, прослави и дневни операции.

Нарачки во реално време

Гледајте ја секоја нарачка како се користи. Од примена до подготовка до послужување и нејзино затворање - секоја промена е видлива.

Пријава на проблеми

Пријавете згрешени нарачки, проблеми со опрема или сервис директно во системот. Следете и решавајте брзо и систематски.

Виртуелен инвентар

Управувајте со нарачки за достава. Виртуелен инвентар за споствена достава или Wolt - спречете губење на нарачки.

Кујнски екран

Вашиот кујнски тим добива посебен екран. Промена на статуси, мониторирање залихи и насочување - целосна видливост за побрза подготовка.

Интеграција со секој уред

За разлика од конкуренцијата само за Android, Bee Bistro работи на секој уред со прелистувач. Телефони, таблети, лаптопи, POS терминали - по ваш избор.

Систем за тикети

Добијте помош кога ви треба. Вграден систем за тикети плус Viber група за жива комуникација. Одговараме за 15 минути или помалку.

Повеќејазична поддршка

Работете на македонски или англиски. Или побарајте превод на друг јазик.

Документација и обука

Научете го тимот брзо. Целосна документација и видео материјали за обука - достапни на македонски и англиски.

Супер админ контрола

Целосна видливост на целата операција. Централизирано управување со сите локали, корисници и системски поставки од еден панел.

PDF извештаи

Генерирајте детални PDF извештаи за кој било временски период. Идеално за сметководство, даночна усогласеност и бизнис анализа.

Трансформирајте го вашиот бизнис денес

Придружете се на 20+ ресторани низ Македонија кои веќе заштедуваат 40% на обработка на нарачки и го зголемуваат својот приход

Заштедете до 40% време на дневни операции
Зголемете го приходот за 25% со подобро следење
Елиминирајте грешки во нарачки и келнерски пропусти

Напредни модули

Проширете ја платформата со моќни додатоци - достапни со планот Стартер + Модули

Wolt интеграција

Wolt интеграција во Македонија. Примајте нарачки директно во Bee Bistro и ажурирајте статуси во реално време - без рачно внесување.

QR Code мени

Гостите скенираат, го прегледуваат менито и нарачуваат. Вклучени QR стикери за секоја маса. Намалете го товарот на келнерите.

Повеќе локации

Управувајте со повеќе локали од еден dashboard. Одделна аналитика по локација, единствена контрола за сопственикот. Растете без ограничувања.

Фискализација

Целосна македонска фискална усогласеност. Поддршка за PF550, PF700, SY250, ФП, FX1300 и FX1200 уреди - сертификувано и подготвено за продукција.

B2B соработка

Не погодувај и работи по правила. Профактури, фактури и кредитни ноти за бизнис нарачки - целосен B2B модул за соработка.

Декларации за настани

Генерирајте професионални декларации за храна и пијалоци за евенти - документи подготвени за печатење со целосна усогласеност.

Често Поставувани Прашања

Сé што треба да знаете пред да започнете

Колку чини Bee Bistro?

Стартер пакетот е 6.000 МКД/месечно и ги вклучува сите основни функции: нарачки, мени, кујнски екран, инвентар, аудио нотификации и поддршка. Напредни модули како Wolt, QR мени, фискализација, B2B, повеќе локации се достапни по променлива цена. Поставувањето е секогаш бесплатно. Годишните планови вклучуваат 1 месец бесплатно.

Колку време трае поставувањето?

Типичното поставување трае 2-5 работни дена. Нашиот тим се грижи за сé - конфигурација на мени, кориснички акаунти, поставување залихи и интеграции. Обезбедуваме практична обука за вашиот персонал.

Каков вид поддршка обезбедувате?

Обезбедуваме техничка поддршка преку телефон, Viber и вграден систем за тикети. Просечно прво време на одговор: 15 минути. Нашиот тим работи продолжено и е достапен на македонски и англиски.

Дали се интегрира со други системи?

Да. Bee Bistro се интегрира со Wolt, фискални печатачи (6 модели) и може да се поврзе со сметководствен софтвер. Нудиме и custom интеграции по ваша потреба.

Дали обезбедувате обука за персоналот?

Да. Обезбедуваме обука на лице место за сопственици, келнери и кујнски персонал. Имате и пристап до видео туторијали, документација на македонски и посветен центар за помош.

Може ли да пробам пред да се претплатам?

Закажете бесплатен демо со нашиот тим. Ќе ги видите сите функции во акција на вашето реално мени и работен тек. Одговараме на секое прашање и креираме план за поставување.

Може ли да го користам Bee Bistro на телефон или таблет?

Да. За разлика од други решенија што бара специфични Android уреди, Bee Bistro е веб-базиран и работи на секој уред со прелистувач - телефони, таблети, лаптопи или POS терминали.

Дали ми треба специјален хардвер?

Не. Секој уред со модерен прелистувач работи. За фискализација, потребен е поддржан фискален печатач (PF550, PF700, SY250, ФП, FX1300 или FX1200).

Како функционира Wolt интеграцијата?

Wolt нарачките се појавуваат директно во вашиот Bee Bistro dashboard во реално време. Прифаќате, подготвувате и ажурирате статуси во BeeBistro. Без рачно внесување, без грешки.

Може ли да управувам со повеќе локации?

Да. Модулот за повеќе локации ви овозможува да управувате со сите локали од едно место со одделна аналитика по локација. Идеално за растечки ресторански или барови.

Дали моите податоци се безбедни?

Вашите податоци се заштитени со автоматски бекапи, контрола на пристап базирана на улоги и безбеден хостинг. Само овластени корисници пристапуваат до нивниот специфичен dashboard.

Како да преминам од мојот сегашен систем?

Ние ја менаџираме целата миграција. Нашиот тим го поставува менито, инвентарот и корисничките акаунти од почеток. Поставувањето е бесплатно, а тимот добива целосна обука пред стартување.

Дали нудите маркетинг услуги?

Да. Покрај софтверот, обезбедуваме маркетинг на социјални мрежи и соработка со инфлуенсери за да им помогнеме на рестораните и баровите да допрат до повеќе клиенти и да го изградат брендот.

Што се случува ако падне интернетот?

Bee Bistro е изграден како Progressive Web App (PWA) и може да работи за основни операции при кратки прекини. За подолги прекини, податоците автоматски се синхронизираат по враќање на конекцијата.