Услови за користење

Последна измена: 17.04.2026

1. Прифаќање на условите

Добредојдовте во Bee Bistro. Со пристапување и користење на оваа платформа, вие се согласувате да бидете обврзани со овие Услови за користење. Ако не се согласувате со било кој дел од условите, не смеете да ги користите нашите услуги.

Bee Bistro си го задржува правото да ги измени овие услови во секое време. Значајни измени ќе бидат соопштени преку email или известување на платформата.

2. Опис на услугите

Bee Bistro обезбедува софтверска платформа (SaaS) за целосно дигитално управување со ресторани, барови и бистра. Основните функционалности вклучуваат:

Основни функционалности (19)

  • Менаџмент на залихи - следење на количини, набавки и потрошувачка во реално време
  • Систем за следење на нарачки за кујна, келнери и сопственик
  • Аудио нотификации при нови нарачки
  • Зони на маси и организација на инвентар
  • Кориснички профили со различни привилегии и пристап
  • Управување со мени поврзано со инвентор систем
  • Категории и организација на храна и пијалоци
  • Автоматски резервни копии на базата
  • Закажување и откажување на инвентар
  • Нарачки во реално време со промена на состојби
  • Пријава на проблеми (тикетинг систем)
  • Виртуелен инвентар за достава и онлајн платформи
  • Подготовка во кујна со мониторирање на залихи и статуси
  • Хардверска прилагодливост за различни уреди
  • Техничка поддршка преку тикетинг систем и Viber групи
  • Повеќејазична поддршка и прилагодлив дизајн
  • Детална документација и видео материјали за обука
  • Супер админ контрола на целиот систем
  • PDF извештаи за нарачки во одбрана временска рамка

Напредни модули (премиум додатоци)

  • Wolt интеграција: примање нарачки од Wolt директно во системот со реал-временска синхронизација
  • QR Code мени: стикери со QR код за дигитален преглед на менито од телефон
  • Multi Tenant: поддршка за повеќе локали поделени по локација со централизирана аналитика
  • Фискализација: интеграција со фискални каси (PF550, PF700, SY250, ФП, FX1300, FX1200)
  • B2B соработка: креирање профактури, фактури, кредитни ноти за бизнис клиенти
  • Декларации за настани: генерирање на декларации за храна и пијалоци за евенти

Напредните модули се дополнителни премиум услуги кои можат да се активираат со дополнителна надомест.

3. Кориснички сметки

3.1 Регистрација

За да ги користите нашите услуги, мора да креирате сметка со точни и комплетни информации. Вие сте одговорни за чување на доверливоста на вашите акредитиви за најава.

3.2 Одговорност за сметката

Вие сте одговорни за сите активности што се случуваат преку вашата сметка. Треба веднаш да не известите за секоја неовластена употреба.

3.3 Типови на корисници

  • Сопственик: Целосен пристап до сите функции, поставки, извештаи и аналитика
  • Келнер: Пристап до нарачки, маси, мени и инвентар
  • Кујна: Пристап до кујнски екран, подготовка и статуси на нарачки
  • Администратор: Системски администратор со напредни дозволи и супер админ контрола
  • B2B корисник: Пристап до B2B модул - креирање профактури, фактури и кредитни ноти

4. Обврски на корисникот

Со користење на Bee Bistro, вие се согласувате:

  • Да го користите сервисот само за законски цели
  • Да не ги делите вашите акредитиви со трети лица
  • Да обезбедите точни деловни информации
  • Да ги платите сите доспеани услуги навремено
  • Да не се обидувате да го хакирате или злоупотребите системот
  • Да го почитувате интелектуалното сопственост
  • Да не користите сервисот на начин што може да му наштети на системот

5. Плаќање и фактурирање

5.1 Цени

Цените за нашите услуги се наведени на нашиот веб сајт и можат да варираат зависно од пакетот, бројот на корисници и избраните напредни модули. Базичниот пакет започнува од 6.000 денари месечно. Сите цени се во македонски денари (MKD) и не вклучуваат ДДВ.

5.2 Фактурирање

Фактурирањето се врши месечно или годишно, зависно од избраниот план. Фактурите се издаваат на почетокот на секој платежен период.

5.3 Задоцнети плаќања

Доколку плаќањето не е извршено во рок од 15 дена од датумот на фактурата, пристапот до услугите може да биде суспендиран до уплата.

6. Интелектуална сопственост

Сите права, наслови и интереси во и на Bee Bistro платформата (вклучувајќи го софтверот, лого, дизајнот, содржината) се сопственост на Bee Bistro или нашите лиценцери.

Вашите деловни податоци (мени, нарачки, клиенти) остануваат ваша сопственост. Ние ги користиме само за обезбедување на услугите.

7. Податоци и приватност

Користењето на вашите лични податоци е регулирано со нашата Политика за приватност. Ние се обврзуваме да ги заштитиме вашите податоци согласно GDPR и македонското законодавство.

8. Достапност на услугите

Ние се стремиме да обезбедиме 99.5% достапност на платформата, вклучувајќи ги сите основни функционалности и напредните модули. Сепак, можна е повремена недостапност поради:

  • Планирано одржување (со претходно известување)
  • Технички проблеми надвор од наша контрола
  • Безбедносни инциденти
  • Недостапност на трети сервиси (Wolt API, фискални сервери)

Техничката поддршка е достапна 24/7 преку тикетинг систем, телефон, e-mail и Viber групи за live комуникација.

9. Ограничување на одговорност

Bee Bistro обезбедува услуги "како што се". Ние не можеме да гарантираме дека услугите ќе бидат без грешки или непрекинати.

Во максимална мерка дозволена со закон, Bee Bistro не одговара за индиректни, случајни или последични штети произлезени од употребата или неспособноста да се користи услугата.

10. Раскинување

10.1 Од ваша страна

Можете да ја откажете вашата претплата во секое време. Откажувањето стапува на сила на крајот од тековниот платежен период.

10.2 Од наша страна

Ние можеме да ја суспендираме или прекинеме вашата сметка доколку:

  • Не плаќате навремено
  • Ги прекршувате овие услови
  • Постои сомневање за измама или злоупотреба

11. Применливо право

Овие Услови за користење се регулирани со законите на Република Северна Македонија. Секој спор ќе биде решаван пред надлежните судови во Скопје.

12. Контакт

За прашања во врска со овие Услови за користење, контактирајте не:

Bee Bistro

Email: support@beebistro.mk

Телефон: +389 71 216 813

Адреса: Мирче Ацев 22, Скопје 1000, Северна Македонија